Науката потврди – жените секогаш знаат кој ги изневерува


Најновата студија потврдила за она што жените одамна го знаат, при препознавањето на мажите кои изневеруваат. Тие можат да ги препознаат на прв поглед, за разлика од мажите кои се чини немаат таква способност.

Varanje 2Во студиите објавени во списанијата Biology Letters, научниците тврдат дека жените ја носат ваквата проценка по основа на тоа колку мажествено изгледа нивниот партнер.

„Женските проценки се покажале мали до умерени, но важен фактор при мерењата на вистинските неверства. За помажествените се покажало дека се повеќе склони на неверството“, наведуваат експертите предводени од Џилијас Родс од Универзитетот на Западна Австралија.

Привлечноста не е фактор кај жените кои направиле ваква врска.

Во студијата учествувале 34 мажи и 34 жени на кои им биле покажани фотографии во бои на 189 лица на кои потоа ја проценувале нивната верност, исклучиво на основа на сопственото мислење и забелешки.

Нивните одговори биле споредени со податоци за верност на поединци од прикажаната слика.

Се покажало дека жените се далеку померодавен суд, со далеку помала грешка во проценката.
„Првиот доказ за процената на верност, е базирана исклучиво на изгледот на лицето“, тврдат експертите.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1