Пријавувањето данок е непотребна обврска на граѓаните


Експертите велат дека граѓаните не треба да имаат обврска да поднесуваат годишна даночна пријава за персонален данок, на ниту еден начин, ниту во хартиена форма, ниту електронски, зашто за тоа нема потреба. Тие потсетуваат дека со годишните извештаи (ГИ) што ги доставуваат фирмите и со месечната пресметка за интегрирана наплата (МПИН), УЈП практично ги има сите податоци за секој обврзник на данок и затоа нема потреба граѓаните посебно да го прават тоа. ekonomija danok

Електронскиот начин на работа на УЈП велат треба да се приспособи на искуствата од другите држави и посочуваат на словенечкото искуство каде што фирмите, независно дали станува збор за редовен работен однос, или за хонорар, или пак за некој друг вид плаќање, внесуваат податоци за тоа што исплатиле и за данокот. Така, граѓаните и тековно имаат увид во својата заработувачка. Годишната пријава практично е пополнета, граѓаните ги проверуваат податоците.

ПлусИнфо

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1