ПРОФЕСИЈА НА ИДНИНАТА: За еден месец заработуваат 10 балкански плати


Медицински сестри од Србија заминуваат на работа во Норвешка каде за еден месец заработуваат десет плати кои би ги земале во Србија за десет месеци.

Оние кои веќе се таму велат дека платата на болничарот во Норвешка е 2500 евра, а на медицинска сестра 3000.Маријана Гајиќ има 28 години и веќе една година е во градот Ставангер, вели дека уште во средно училиште знаела дека работата е тешка и одговорна, а не е платена.

Решила дека сака да работи во странство и почнала да учи норвешки јазик.

„Имав среќа да отидам во семејство на наши пријатели кои долго време се во Осло. Работа барав така што чукав од врата на врата. За година и пол имав три договори. Мене ми е најважно дека влегов во нивниот здравствен систем, а потоа е полесно” – раскажува девојката.

Вели дека месечно штеди по 1000 евра, а за работата објаснува дека е полесна отколку во Србија.

Платен одмор следува од пет недели и работникот може и наеднаш да го искористи.

Друга девојка која е бабица по струка вели дека освен во државно здравство, работното време дозволува да има ангажман и во приватна ординација, со што заработува по една плата плус. Сепак, вели дека со вакво темпо на работа на две места не може да се издржи долго време. Во Србија една бабица може да заработи 360 евра месечно. Сепак, за иселување се одлучуваат помладите кои немаат оформено семејство, но постарите велат дека е доцна да направат промена кога зачекориле во петтата деценија од животот.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1