Рамуш Харадинај им подели по 10 илјади евра на семејствата на осудените терористи од ,,Диво насеље‘‘


Косово со неколку стотици илјади евра ќе ги помогне семејствата на осудените во Диво Насеље. Ваква одлука донела косовската влада на последната седница.
Информацијата ја потврди и косовскиот премиер.

„На семејствата ќе им се доделат по 10.000 евра на име непредвидени трошоци. Списокот на лицата кои ќе добијат средства веќе го имаме“ – стои во изјавата на косовскиот премиер Рамуш Харадинај која ја пренесоа локалните медиуми.

Токму Харадинај беше тој кој за време на протестите кои се одржуваа во Приштина на семејствата на осудените им ветуваше максимална заложба на владата за како што рече ново, праведно и коректно судење. И премиерот заев денеска потвди дека се бара начин за отворање на меѓународна истрага за случајот.

Скопскиот кривичен суд минатата недела изрече 7 доживотни казни, 13 лица добија по 40 години затвор, шестмина по 20 додека еден осуден ќе лежи 18 години. Две лица се осудени на затворски казни од по 14 години и уште толку на година дена помаку. 4 лица поради немање на докази добија ослободителни пресуди.

Обвинтелството ги товареше за тероризам и терористичка организација откако на 9 и 10 мај, пред две години во кумановско Диво Насеље се судрија со македонската полиција при што загинаа 8 полициски службеници.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1