Скршила алка па требала да ја плати – Кога и ја кажале цената се онесвестила


Туристка во кинеска продавница пробувала наизглед обична алка. Но поради нејзината неспретност и паднала и се скршила. Сопственикот и рекол дека алката чини 23.000 евра, кои мора да ги плати како компензација.

Туристка во кинеска продавница пробувала наизглед обична алка. Но поради нејзината неспретност и паднала и се скршила. Сопственикот и рекол дека алката чини 23.000 евра, кои мора да ги плати како компензација.
Жената се онесвестила откако ја слушнала цената на алката која случајно и паднала и се скршила на пола, во продавница во кинеската провинција Јунан.

Непишаното правило „Она што ќе го оштетиш го купуваш“, обично се заборава кога купувачите ќе оштетат производ како чаша или облека, но во вакви ситуации генерално се претпоставува дека купувачите се максимално внимателни.
Туристката која разгледувала накит во кинеската продавница лекцијата ја научи по потешкиот начин. Откако скапоцената алка и паднала од рацете и се преполовила, кон неа пришол сопственикот.
За примерокот покрај кој имало вртоглава сума од околу 23.000 евра, сопственикот сакал компензација, а кога тоа и го кажал на туристката таа се онесвестила.
-Падна во несвест, но за среќа не се повреди, кажа Лин Веи, синот на сопственикот.
Колку толку добра вест за неа е што нема да ја плати целата цена. Имено, алката е осигурана, а двете страна сега ќе преговараат за компензацијата.
Веста за скапата неспретност брзо стана вирален по социјалните мрежи. Едни ја окривуваат жената поради невнимание, додека други го криват сопственикот бидејќи не го заштитил доволно накитот и не го одделил од поевтините примероци, пишува „OddityCentral“.
Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1