Судијата ѝ одобрил право на самоубиство бидејќи страда од артритис


Една 77-годишна Канаѓанка со години страда од неизлечив остеоартритис, а сега е на чекор до својата цел да си го одземе животот. Судијата во Торонто оценил дека таа ги исполнува клучните критериуми за медицински асистирано самоубиство, кое во Канада е озаконето минатата година.

Судијата во понеделникот оценил дека нејзината „природна смрт е веројатна“, што е еден од четирите критериуми што пациентот треба да ги исполни, пред лекарите да му помогнат да се самоубие.

Другите се да страда од сериозна и неизлечива болест или инвалидитет, неговото тело да е во неповратна состојба на пропаѓање и да страда од неиздржливи физички или душевни болки.

Иако болеста од која страда оваа жена не е смртоносна, судијата оценил дека „не ѝ останало уште многу“, имајќи ги предвид нејзините „години и здравствена состојба“.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1