Убиено семејство со македонско потекло во Канада, две деца на лице место, третото се спасило


Мајка и две деца се убиени денеска во нивниот дом во близина на Торонто, објавија канадските власти. Децата се на возраст од 13 и 15 години а мајката е бугарската државјанка Красимира Пејчиновски која била во брак со македонски државјанин со кого била разделена. Идентитетот на таткото Македонец не се открива. Третото дете во семејството се спасило од смрт затоа што заминало на часови за возачка дозвола.

Се појавија првите фотографии на Бугарката и нејзините деца, кои беа убиени во нивниот дом во Онтарио, на околу еден час од Торонто. Полицијата во градот ги пронашла телата на 39-годишната Красимира Пеичиновски, 15-годишниот Рој Пеичиновски и 13-годишната Веналија Пеичиновски во нивниот дом во средата утрото по јавување на сосетка. Жената отишла да ја провери Красимира откако таа не се појавила на работа. Кога полицијата пристигнала во домот, Красимира и Рој биле мртви, а Веналија била транспортирана до болница каде умрела од последиците од повредите.

За трите убиствата е обвинет 29-годишниот Кори Фан кој изгледа бил момче на Красимира, но не е татко на децата.

-Изгледа бил под влијание на дроги или лекови. Јас не можам да си го објаснам тоа, таа никогаш не беше човек кој влегува во конфликт со друг човек – велат соседите.

Соседите раскажуваат дека Фан одел секој ден на фитнес и може да земал стероиди и други стимулативни супстанци.

-Таа се обидела да се раздели со овој човек, врската не била сериозна. Таа не сакала да биде во врска со него. Тој едноставно не и давал шанса да се разделат – раскажува пријателка на убиената.

Фан има претходна пресуда за напад на полицаец во 2009 година и за уништување на странска сопственост во 2011 година. И во двата случаи казната била 12 месеци условна казна. Тој е уапсен во средата вечерта во дом во јужниот дел на Ошава откако полицијата го пронашла црниот пикап напуштен на околу 10-тина минути од местото на крвавото дело. Се уште не се познати резултатите од аутопсијата, но според полицијата на телата на тројцата имало видливи траги од повреда и удари. Пријатели на двојката велат дека Кори бил вљубен во Красимира и бил многу љубоморен.

Красимира е родена во Пловдив. Таткото на децата е Македонец, но одамна се разделени со мајката. Третото дете, ќерка на 16 години била излезена за време на инцидентот и тоа ја спасило.

Ќерката на соседот Пат Џордан била пријателка со убиената Веналија. Кога видел полиција во соседната куќа се вознемирил, бидејќи неговата ќерка требала да биде на гости токму во домот на Пеичиновски.

-Мислев дека мојата ќерка е во оваа куќа. Во последен момент таа си ја смени одлуката и отишла во друга куќа, инаку којзнае што можеше да се случи – вели тој за CBC.

15-годишниот Рој Пеичиновски бил ѕвезда на хокеарскиот тим и учел во приватно училиште каде исто играл хокеј.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1