Украла бебе од болница – малата Викторија спасена со помош на социјалните мрежи


Се започнало кога Сајмон и Мелиса со своето новородено девојче Викторија биле во болничката соба, а во тој момент влегла медицинската сестра и рекла дека бебто мора да помине низ уште неколку стандардни испитувања. Сакајќи го најдоброто за своето девојче ја дале на сестрата. Меѓутоа работите не излегле како што се очекувало…

Се воспоставило дека таа медицинска сестра воопшто не работела во болницата. Таа дури и не била медицинска сестра. Вработените од болницата веднаш ја повикале полицијата која за кратко време дошла и направила темелна истрага, полицијата пронашла снимка на која се гледа како жена ја напушта болницата и влегува во црвен автомобил. Парот решил ова да го сподели на социјалните мрежи со надеж дека може да биде во корист на истрагата.

Потоа се случило нешто неверојатно…

Шарлин Плант, Марк Андре, Мелизан Берџерон и Шарлин Берџерон седеле дома пред компјутерот кога ја виделе оваа објава на Фесјбук. Бидејќи немале никакви планови за тој петок, решиле да излезат надвор и да го побараат црвениот автомобил. Додека се возеле наоколу, Мелизан на својот телефон добила нотификација која променила се…

Била фотографијата на осомничената, која Шарлин ја видела претходно.

Жената од фотографијата била соседтка на Шарлин Планет. Сомневајќи дека се вратила таа дома со украденото бебе, Шарлин и тројцата нејзини пријатели одлучиле да ја истражат зградата во која живеела, а пред неа и го виделе автомобилот Тојот Јарис. Брзо, но тивко се собрале пред станот на осмничената и почнале да слушаат што се случува внатре.

Од станот се слушнала вода, што значело дека некој дефинитивно е внатре. Брзо повикале полиција и ја упатиле до станот на осмничената. За неколку минути, бебето било спасено. Оваа приказна навистина е неверојатна и покажува колку социјалните мрежи можат да бидат важни во итни ситуации.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1