Времето во Македонија – Дожд и силен ветер


Времето претпладне во Македонија ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, а ќе дува и засилен северен ветер особено долж Повардарието

Попладне облачноста и брзината на ветерот ќе се намалуваат.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 17, а дневната од 14 до 23 степени.dozd2

Во Скопје претпладне ќе биде променливо облачно со повремен слаб дожд и со умерен до засилен северен ветер. Попладне облачноста ќе се намалува. Утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе се искачи до 19 степени.

В среда во утринските часови ќе преовладува ведро време, така што утринската температура се очекува значително да опадне и да се движи помеѓу еден и осум степени, додека дневната ќе бележи благ пораст.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1