За “лајкови“ ќе си го фрлел детето од 15 кат – „1.000 лајкови или ќе го пуштам“


Судот во Алжир на две години затворска казна осуди маж кој го извадил своето бебе низ прозорецот со цел да собере повеќе лајкови на Фејсбук, јавува Би-Би-Си. Таткото објавил слика како го држи бебете надвор од прозорецот во висококатница, а на постот напишал: „1.000 лајкови или ќе го пуштам“.

Корисници на социјалните мрежи го пријавиле и побарале тој да биде уапсен.

Таткото бил уапсен под сомнение дека ја загрозил безбедноста на детето.

Според некои од медиумите, настанот се случил на 15-кат на зграда во главниот град, Алжир.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1