Ѕинго се откажа од пратеник – Сител куртули од смена на сопственик


Лидерот на Социјалистичката партија на Македонија, Љубисав Иванов Ѕинго се повлекува од пратеничката функција поради лични причини, објави Макфакс повикувајќи се на извори од неговата партија.

Иванов веќе испратил оставка до Собранието, на некоја од наредните седници ќе се расправа за неговата оставка. Кога оставката на Иванов ќе биде констатирана, на неговото пратеничко столче ќе седне следниот на листата во третата изборна единица. Иванов беше пратеник од независноста на Македонија, а во поранешна Југославија имал пратеничко место од 1968 година.

Повлекувањето на Иванoв, доаѓа откако Советот за радиодифузија им наложи на телевиите Сител и Канал 5 до 30-ти септември да се усогласат со членот 11 од Законот за радиодифузна дејност, кој забранува јавни функционери и членови на нивните семејства да поседуваат медиуми. Сопственик на телевизија Сител е синот на Иванов. Останува уште Канал 5 да ја реши сопственоста.

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1