Бројот на загинати во двата разорни потреси кои вчера го погодија јужниот дел на Турција и северозападна Сирија порасна на 5.100, а десетици илјади се повредени.
Една од најпотресните фотографии стигна од уништениот град Караманмарас. Масут Ханцер ја држи за рака својата 15-годишна ќерка. Таа лежи мртва на кревет, затрупана под урнатините.