Трагедија: 12 годишно дете се обесило – го малтретирале на училиште /Фото


12 годишно дете се обесило бидејќи било подложно на секојдневно малтретирање во училиштето, на што сведоци биле и неговите другари.

По трагедијата токму неговите другари на фејсбук ги посочиле насилниците кој биле виновни за самоубиството на нивниот школски другар.

Џордан Грин 12 годишен ученик секојдневно бил малтретиран а бил немоќен да ги измени работите, во очај не гледал друг излез и се обесил во семејната куќа.

Утрото Џордан не отишол на училиште. Само еден ден претходно насилниците го пресретнале во ходникот и според неговите другари го терале да прави ,,одвратни,, нешта. Не знаат како завршила таа средба бидејќи насилниците ги избркале а Џордан го внеле во тоалетот. Тоа било последен пат да го видат Џордан. Утредента тој не се појавил на училиште а подоцна ја чуле страшната вест.

Џордан се обесил со јаже во својата соба. Телото го пронашла неговата мајка кога се вратила од работа. Мајката веднаш повикала брза помош, но тие само констатирале дека Џордан е починат.

,, Слушнавме ужасни крици, а за кратко време и сирени од брзата помош, во шок сме,, – велат соседите.

,, Страшна ми е помислата дека моето дете патело толку многу за да не гледа друг излез и да си го одзеде животот. Тој беше прекрасно дете,, вели неговата мајка.

Неговите другари од одделението тврдат дека бил жртва на насилници од училиштето. Направиле страница на фејсбул во чест на Џордан а на неа ги ставиле и фотографиите на насилниците кој ги обвинуваат за самоубиството на нивниот другар.

Tags: , , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1