13 годишната Илма Карахмет од Кисељак, место во близина на Сараево, со својот настап во шоуто “X Factor Adria” ги воодушевила членовите на жирито и присутната публика во студиото, меѓутоа рамнодушни не останале ниту гледачите зад малите екрани.
За своето претставување, талентираната Илма ја одбрала песната “Ima jedan svet” од Зорица Конџа.