Ја кренавме „ладата“ за да спасиме дете заглавено во количка


Слушнав силно чкрипење на автомобилски гуми. Kога погледнав на улицата, видов како автомобил „лада“ удри во количка со деца. Бабата и постарото девојче беа отфрлени од ударот, а количката заглави под тркалата од автомобилот. Ја влечеше количката неколку метри и беше страшно. Веднаш притрчав на помош. Со овие зборови вчера бакалот Дејан Цветановски, кој има бакалница веднаш до патот во тетовското село Брвеница  ја опиша за Дневник несреќата во која има тројца повредени.

fdjfsdjgsfmСообраќајката се случила пред неговите очи. Автомобилот удрил во двете деца, кои со баба си се движеле по патот во Брвеница. Едното дете, на возраст од две години, било во детска количка и е со потешки повреди. Тоа е префрлено на скопските клиники. Второто дете, кое е една година постаро, по укажаната лекарска помош е пуштено на домашно лекување со баба си, која исто така е полесно повредена. Цветановски во моментот на несреќата бил во својата бакалница.

– Додека услужував еден муштерија, го слушнав силното чкрипење на автомобилските гуми. Веднаш притрчав со уште еден човек и моравме да го превртиме автомобилот за да го извадиме девојчето од количката. Навистина беше страшно – вели тој, многу вознемирен.

Додава дека кривината каде што се случила несреќата е една од најопасните на тој пат.

– Се вози многу брзо, не се внимава и малку недостасува да се случи најлошото. Пред неколку недели, на неколку метри од мене, еден автомобил слета од патот. Малку недостасуваше со сета брзина да удри во мене. За среќа, беше оштетен само автомобилот – ни вели Цветановски.

Според СВР Тетово, несреќата се случила вчера околу 9 часот, на влезот во Брвеница. Според официјалните информации, „ладата“, со тетовски регистарски таблички, ја управувал 58-годишниот брвеничанец С.С. Додека се движел од Тетово кон селото, удрил во 50-годишната Б.С. од истото село, која со двете внуки, на возраст од две и од три години, се движела во спротивната насока.

Повеќе на – Дневник 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1