Вчера утро околу 09,50 часот од Градска општа болница „Свети Наум Охридски“, било пријавено дека кај нив, било донесено 17- годишно лице од Скопје, со убодна рана во пределот на левото рамо.
Повредата му била нанесена од 15- годишно лице од Скопје во средното училиште „Арсени Јовков“, каде двајцата се ученици.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.