Мексиканското обвинителство потврди дека покренало истрага против 16 годишник кој е осомничен за убиство на 50 луѓе објави Ројтерс.
Иако полицијата го уапсила за носење оружје и дрога, самото момче признало дека работи како егзекутор за криминалната банда „Лос Мазателкос“ и дека меѓу неговите жртви има и полицајци, фармери и музичари.
Тинејџерот идентификуван како Франциско Мигуел Н дејстувал под името „Ел Нињо“ (детето). На обвинителите им признал дека „босовите“ му давале оружје, а тој се што требал да направи е да ги изврши убиствата кои ќе му ги наложат.
Во војната меѓу наркокартелите во Мексико до сега погинаа над 100 луѓе меѓу кои и деца. Сепак, многу деца заштита гледаат токму во придружувањето на наркокартелите.