Има само 17 години, а и успеа она што на сите светски научници и лекари не им успеа со години. Младата Brittany Wenger, направи апликација насловена ,,Cloud4Cancer Breast Cancer Detection,, апликација која открива рак на дојка.
За својот изум ја освои и првата награда на годинешниот ‘Google Science Fair’
Научниците потврдиле дека оваа апликација работи и успешно открива малигни тумори и тоа со 99 насто точност.
Бритни изјавила дека нејзиниот програм има за цел да спаси животи и веќе е подготвен да се применува во болниците.