Полициската станица Прилеп поднесе кривична пријава против 21-годишниот Ф.К. од с.Коњари-прилепско поради сомневање за силување.
Против приведениот постојат основи на сомнение дека на 1-ви мај годинава извршил кривично дело „силување“ над 18 годишна девојка од Прилеп.
Од страна на Судија на предходна постапка на пријавениот одредена му е мерка притвор во траење до 30 дена.