Ако ја пропуштивте преставата ,.умри мушки,, си се лишивте од смеење од срце.
Тандемот : Бојан Велевски и Ефтим Трајчов–Ѓаурски беа спектакуларни, а доказ се и овие фотки кои се сами доволни да ве насмеат – тогаш замислете како беше во универзалната сала цели два ипол часа.
Освен овие двајца – млади, а маестрални комичари, на сцената се појавија и Никола Тодороски, Весна Бејби и затвори Сашо Тасевски
Преполна универзална – 1700 луѓе.
За жал засега реприза не е најавена, а очекуваме наскоро барем кусо видео од спектаклот.
А колку за утеха ви го пренесуваме ексклузивно вицот кој предизвика громогласен аплауз.
праат муабет двајца – едниов му објаснува на другиов кој е ,,клатас,, пошо овој не знаел.
– абе брат како не го знаеш клатас, оној бе – шо има една кошула и 3 кравати
Следна престава е ,,ЧЕКАЈЌИ ГО МИНИСТЕРОТ,, најавена за во Март. Повторно со тандемот Бојан Велевски и Ефтим Трајчов кои се и автори на текстот и ,,хистеријата,, која ќе ја има во преставата.
Сите се во продукција на Дел Рио филмс – станд уп комедија