Германската владејачка коалиција го прифати предлогот на членот на Бундестагот Јосип Јуратовиќ да секој странец кој има договор, врз основа на тарифен договор со работодавец во Германија, може да добие работна дозвола и престој на неограничено време.
Притоа, владејачката коалиција предлага ограничен контигент од 20.000 работни дозволи годишно, соопшти канцеларијата на Јуратовиќ.
Јуратовиќ се залага за легално остварување права за престој во Германија за популацијата од западен Балкан, како би можеле да добијат дозвола за работа и да избегнат опасност од искористување и протерување, се наведува во соопштенито.