Македонецот Христиан Илиевски кој е познат уште како „Крал на местенките“, откако самиот пред неколку дена и се предаде на полицијата даде поширок искаж пред обвинителството во Кремона.
Во неговиот исказ почнаа да излегуваат на виделина сите нечисти зделки во кои покрај македонскиот државјанин, учество земале и многу професионални фудбалери и работници во познати италијански клубови.
„Се сретнав со Маури во Формело и ми рече дека не може да ми даде гаранција за конечниот резултат, само за оној на полувреме. Ми рече дека точниот резултат ќе биде 1:1, на крајот така и испадна. Заработив околу 200 илјади евра од оваа зделка, од кои 50 морав да му дадам на Замперини (поранешен фудбалер суспендиран токму поради случајот „калчоскомезе“) кој ми ја договори средбата со Маури. “, вели Илиевски.