2014 та ќе биде тешка: Еве како да заштедите и секогаш да имате пари!


Доколку имате чувство дека вашите пари исчезнуваат, а вие сепак не знаете како, време е да размислите за промена на вашата иднина. Порталот Фактор.мк претставува неколку совети примери како најлесно да ги заштедите, но и како во новата 2014-та година да управувате со вашите пари.

Штедење на забава

pariСкоро сите информации кои денес ви се потребни, можете да ги пронајдете на интернет. Иако претплатата на некое списание не ви се чини многу скапа, размислете дали истите информации можете да ги најдете и на интернет, а секако во вашиот дом имате многу CD-a кои сега собираат прашина.

Секако на сите ние е потребна забава и секако дека повремено треба да се почестиме со некое задоволство, но никако не би смееле да дозволиме парите за забава да бидат пари фрлени во воздух.

Штедење на трошоци за автомобил

Многу луѓе денес не можат без автомобил, а трошоците за нив се големи. Размислете со обзир на ниската цена дали ви се исплаќа да си вградите плин. Доколку имате во план да купите нов автомобил, во предвид земете и автомобил стар неколку години- состојбата на таков автомобил малку полоша од новиот автомобил, а цената во просек му е пониска за 30 посто. Не заборавајте дека и возењето на велосипед е многу поевтина и здрава варијанта.

Штедење на храна

pari zenaАко вашиот избор се пицериите, ланците за брза храна или готова храна купена во продавница, размислете за промена во исхраната. Можно е со малку пари да се храните и живеете здраво. Гответе сами и планирајте си го оброкот врз основа на она што го имате во домот. Кога одите во продавница секогаш со себе носете список,  со што би избегнале непотребно трошење на пари.

Штедње на работи без кои се може

Ако сте пушач, решете се од оваа лоша навика. Цигарите не само што не се здрав избор туку се и многу скапи. Размислете колку пари ви одат во издуваниот дим. Споредете ги цените со  трошоци за животно осигурување, производи за деца или лекови.

Штедење на компјутер, телевизија…

Гасењето на компјутерот или телевизорот кога сте далку од нив е многу важно. Се штеди на страуја иако тоа многу често ви се чини како ситница. Количината на електрична енергија која на крајот на месецот сте ја потрошиле не е податок за занемарување. Во зимските месеци низ станот немора да шетате по кратки ракави.

Штедење на сметките за телефон, мобилен..

Разгледајте ги пакетите на опрераторите  кои нудат најдобра  понуда. Споредете ја цената и проверете дали сте ги одбрале најповолните.

Штедење на шопинг

amerika soping1Да заштедите можете дури и кога сте на шопинг, направете список за следниот месец , па по неколку денови повторно прегледајте го. Сигурно ќе заклучите дека некои работи баш и не ви се потребни и неопходни.

Коклу кредитни картички пседувате и дали  ви се потребни сите?

Ослободете се од вишокот кредитни картички, бидејки парите кои ги плаќате за камата и чланарина можете попаметно да ги потрошите.

Заштедете на подароци

Може да се штеди дури и кога се купува подарок.Подароците на кои се сеќаваме не се најскапите, туку оние кои се посебни. Доколку сте креативна личност, направете сами оригинален подарок.

Во ситуација кога ќе научите да штедите на еден или повеќе од горенаведените начини, не ги  трошите вашите пари залудно. Поставете финансиска стратегија која ќе ви пружи долгорочна сигурност за зашите пари, но и за вас и вашето семејство. Она што прво треба да го направите, ако веќе го немате е фонд за итни случаи. Отворете сметка или едноставно ставајте пари на старана за ситуации како поголеми проблеми во домаќинството, проблеми со автомобилот, здравствени проблеми или губење на работата.

Втора работа е со парите или делот од парите кои сте ги заштедиле да врадите некои од долговите доколку постојат или да отплатите дел од кредитот.

Фактор.мк

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1