25-годишна девојка од Скопје се приклучила на џихадистите од Исламска држава.
Девојката заминала без знаење на нејзините родители, а како што пренесуваат албанските медиуми во земјава, таа раскажала дека е во редовите на Исламската држава (ИСИС) во Ирак.
Повеќе од три месеци таа се наоѓа на боиштата во ова арапска земја, а со нејзината фамилија од Скопје комуницира преку интернет.
Од почетокот на војната во Сирија животот го загубиле дестина Албанци од Македонија, откако доброволно заминале да војуваат во оваа земја.