„Возачот кој вечерва прегази и усмрти девојче пред Универзалната сала како да бил на трка, без траги од кочење летал со 160 километри на час“, велат очевидците кои се нашле на местото на несреќата.
Возачот кој вечерва прегази и усмрти девојче пред Универзалната сала како да бил на трка, без траги од кочење летал со 160 километри на час, велат очевидците кои се нашле на местото на несреќата. Прегазеното девојче е на возраст од околу 15 години а околу него биле забележливи трагите од крв.
Полицијата го утврди и соопшти идентитетот на возачот кој вечерва усмрти девојка на пешачки премин кај Универзална сала.
Станува збор за 26-годишниот Љ.В.,кој по ударот избегал од местото на несреќата, но кратко потоа сам се пријавил во полиција.
Идентитетот на девојката која починала на лице место полицијата се уште го утврдува. Увидот е во тек.