28 годишен струмицанец ја снимал девојката при секс – ја објавил снимката кога му раскинала


СВР-Струмица поднесе кривична пријава, против  В.С (28) од с.Владевци,  поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „загрозување на сигурноста“. pornografija1

-Имено, В.С. во месец јули 2015 година, неовластено поточно без знаење на пријавителката снимал видеоклип, помеѓу нив двајцата со компромитирачка содржина, за што подоцна и се заканувал, доколку ја прекине врската, снимениот материјал ќе го објави преку социјалните мрежи и дека ќе настрада нејзиниот внук. Во текот на месец септември по краткотрајна расправија снимениот материјал го објавил, информираат од полицијата.

Инаку пријавениот минува во евиденциите на МВР како сторител на кривични дела од областа на имотните деликти и насилниот криминал.

Од страна на судија на претходна постапка при Основен суд Струмица одредена му е  мерка притвор во траење од 8 дена

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1