3 Малолетници кои го претепаа возачот на Брза помош добија кривични


Тројцата скопски малолетници, кои го претепаа скопјанецот Д.Т. (54), возачот на брзата помош вечерта на 31 декември во скопската населба Kисела Вода, добија кривични пријави, потврдија од МВР. Станува збор за С.Р. (17), Ф.Л. (16) и за В.Ј. (17), сите од Скопје, кои се приведени за нападот, кои, освен што го претепале возачот, го оштетиле и возилото на брзата помош и во околината предизвикале чувство на страв и несигурност. Од МВР велат дека С.Р. се товари за тешка телесна повреда, а Ф.Л. и В.Ј. кривично ќе одговараат за насилство.

brza pomosСпоред полицијата, осомничените со поголема група врсници во изнајмена куќа ја прославувале Нова година. Незадоволни од услугата што ја добиле за прославата, почнале да кршат чаши и шишиња. Притоа С.Р. си ја исекол дланката, а двајца малолетници под дејство на алкохол паднале во бесвест и со приватни возила биле однесени во болница.

Тогаш наишло и возилото на брзата помош, кое дошло по пријава дека има некое лице во бесвест на истата улица. Kако што изјавил С.Р., но и очевидците, тој го запрел возилото и побарал од медицинските лица да му укажат помош. Kога тие му објасниле дека не можат да му укажат помош, тој со Ф.Л. и В.Ј. почнал со раце и со нозе да удира по возилото, при што ги искршиле двата задни прозорци. Тогаш од возилото излегол Д.Т. и почнала вербална расправија, која прераснала во тепачка, во која возачот го нападнал С.Р. со метална шипка.

Малолетникот му возвратил, при што му ја зел шипката со која на Д.Т. му ја скршил десната подлактница и му ја расекол главата. Осомничениот потоа ја фрлил шипката во непосредна близина и заедно со В.Ј. и Ф.Л. избегал. Возачот, пак, ја зел шипката со која бил нападнат и со возилото дошол во Kлиниката за трауматологија.

Од МВР велат дека Д.Т., како и двете медицински лица кои биле со него, во пријавата, како и во дадените изјави, го потврдуваат целиот настан, но негираат дека возачот го нападнал малолетникот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1