Ова е момчето од Србија кое ќе оди на Марс и никогаш нема да се врати


Од Србија, во потесен избор меѓу 1.058 кандидати успеа да влезе Срѓан Марковиќ (24) од Белград, апсолвент по археологија на Филозофскиот факултет. Тој за српски „Блиц“ раскажува дека му се остварил детскиот сон.

419085_srdjan-markovic-leti-na-mars030114ras-foto-milos-peric09_ff-Од мал посакував да бидам археолог и астронаут, да истражувам нови цивилизации и оние кои се исчезнати. Сонував за тоа да го истражувам животот на Марс. Сега многумина ми велат „дали си ти нормален, што ти треба тоа во животот“, а јас не знам што да направа, од среќа – вели Срѓан.

Кога дознал дека е избран возбуден им се јавил на сите блиски – но тие не биле воодушевени како него, со оглед на фактот дека се работи за пат од кој нема да се врати.

Многумина кој го истражувале на пример северен пол никогаш не се вратиле – но нивните подвизи и експедиции му донесоа многу на цело човештво, така и јас гледам на патот на марс. Можност да ги поместам своите граници, да допринесам нешто и јас за човештвото, Вели Срѓан кој како хоби ја има и спалеологија – влегува во пештери каде никој не влегол претходно.

Тој верува дека на Марс имало живот и дека се уште го има. Штом има лед има и живот, вели тој.

Сега, кандидатите ги очекува финалниот процес на селекција. Во понатамошното тестирање, машките и женските кандидати ќе бидат одвоени и меѓусебно ќе се натпреваруваат. Ќе мора да имаат добро здравје, а одбор за селекција ќе одлучи кој ќе продолжи понатаму.

Тогаш кандидатите ќе се поделат во групи од 20 до 40 луѓе и во различни региони. Овој дел би можел да се емитува на телевизија и на Интернет. Од секој регион ќе се бира по еден победник. Во последната фаза кандидатите ќе бидат во група од четири луѓе, а сите ќе мора да покажат дека знаат да преживеат во тешки услови. Вкупно 24 луѓе ќе бидат избрани во 2016 година. Нив ги очекува напорен тренинг за патот во непознатото.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1