Најмалку 35 луѓе се мртви, а 48 се повредени за време на новогодишната прослава во Шангај. Трагедијата била предизвикана со тоа што луѓето масовно потрчале да соберат лажни пари, кои биле фрлени кон толпата.
Стампедото се случило кратко по полноќ по локално време додека огромна толпа луѓе славеле Нова година на плоштадот Чен Ји во шангајската населба Хуангпу, јави Синхуа.
Повредените, од кои повеќето се студенти, се однесени во болниците низ градот.Властите работат на откривање на причината за трагедијата, но медиумите и сведоците од местото тврдат дека стампедото почнало кога луѓето масовно тргнале да ги собираат лажните пари што некој ги фрлил од зграда над плоштадот.