Три лица се потешко повредени, 34 минале со полесни повреди во сообраќајна несреќа на автопатот кај Кутина. Автобус со студенти од Босна и Херцеговина излетал од патот.
Несреќата се случила околу 1 часот утринава, студентите се враќале од излет во Марибор.
Пожарникарите успеале да ги ослободат заглавените студенти, повредените се пренесени во болница во Сисак и Нова Градишка.