43 степени во Македонија – чувајте се од сонцето – ув индекс 10 денеска


Македонија од денес е под влијание на тoплотен бран, кој ке услови екстремно високи дневни температури кои ке се движат од 30°C до 43°C, и висока вредност на ув индексот 10.

Максимумот овој топлотен бран ке го има во вторник, кога се очекува да се достигнат највисоките овогодишни температури. Постои и опасност од појави на пожари.

Во Македонија во понеделник тропски ден. Ке биде сончево и многу топло. Ке дува слаб северен и северозападен ветар. Утринските температури од 13°C до 23°C, а максималните дневни ке се движат од 30°C до 42°C. Ув индекс 9.

Во Скопје во понеделник тропски ден. Ке биде сончево и многу топло. Слаб северозападен ветар. Утринската температура од 20°C, а максималната дневна ке достигне до 39°C. Ув индекс 9.

Во вторник тропски ден, и екстремно високи дневни температури. Ке биде сончево и многу топло. Слаб северен и северозападен ветар, а во западните предели ке дува слаб североисточен ветар. Утринските температури од 14°C до 24°C, а максималните дневни ке се движат од 33°C до 43°C. Ув индекс 10.

Тропски ден не очекува и во среда. Ке биде сончево и многу топло, со утрински температури кои ке се движат од 14°C до 24°C, а максималните дневни ке достигнат до 30°C односно до 41°C. Во доцните попладневни и вечерни часови постои можност за појава на локални врнежи од дожд и грмотевици, а можна е и појава на град. Ув индекс 9.

Од четврток промена на временската состојба, продор на посвежа влажна воздушна маса која ке донесе локални врнежи од дожд и грмотевици и пад на температурите.

Извор weather4all.com.mk

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1