5 парчиња облека што секоја девојка мора да ги има


Мажите и жените, обично, не се согласуваат околу прашањата за модата, што е актуелно, заводливо, но постојат неколку модни парчиња кои девојките сакаат да ги носат, но и момците обожаваат да ги видат облечени на своите кралици. Проследете го следниот список.

 Црн фустан

Едниставен асиметричен црн фустан, интересно парче накит и кожна јакна – ништо комплицирано, а секогаш привлечно.

 Црвен фустан и „мачорести“ очила

Силно црвен фустан како што носеле познатите диви во стариот Холивуд, мачорести очила и слатки обувки – ќе направат да изгледате целосно поразлични од другите.

 Рамни сандали

Вие нема да се мачите, а и партнерот ќе биде поопуштен кога кај вас ќе види „тренди“ рамни сандали. Со нежните ременчиња вашите нозе ќе изгледаат многу примамливо.

 Фустан со преклоп

Никогаш нема да стане здодевен. Носете го со удобни сандали, Со должината и со длабочината на деколтето играјте си по желба.

 Маичка без ракави

Маичката која ги покрива само рамената доволно крие но сепак открива. Црна и припиена одговара на секое парче облека.

Share Button

Tags: , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1