Отворањето на Олимпијадата ќе трае три часа и во неа ќе учествуваат 15000 луѓе


Свеченоста на оворањето на Летните олимписки игри во Лондон, таканаречено уште и како „Чудото на островот“, ќе започне во петок на 27 јули, симболично во 20:12 часот, на Олимпсикиот стадион.

Уметничкиот директор на свеченоста е британскиот режисер и продуцент, Дени Бојл, добитник на оскар во 2008 година.
„Името на церемонијата „Чудото на островот“, би требало да укаже на раскошната креативност на Велика Британија и на непредвидливоста и инветивноста на нејзиниот народ“, изјави Бојл за Дејли Телеграф.
И покрај тоа што не се знае како ќе изгледа церемонијата, познато е дека истата ќе трае три часа и дека во неа ќе учествуваат 15000 доброволци.

Свеченоста ќе започне со звукот од ѕвоното, кое е дело на најстарата британска фирма за производство на ѕвона „Вајтчапел Фаундри“, која што својот бизнис го започнала уште во 16 век.
По доаѓањето на англиската кралица Елизабет Втора на стадионот, воведниот говор ќе го започне претседателот на Олимпискиот комитет, Жак Рог и претседателот на Организацискиот одбор на Игрите, поранешниот атлетичар Себстијан Коу.

Потоа ќе следува дефилето на спортистите од сите земји учеснички, по азбучен ред. По протоколот прва која што ќе помине ќе биде репрезентацијата на Грција, а домаќинот, Британците, на стадионот ќе влезат последни.
По интонирањето на химната на Игрите, и подигањето на олимписките и знамињата на сите земји учеснички, по еден спортист, судија и тренер од репрезентацијата домаќин, ќе положи олимписка заклетва во име на сите учесници, дека ќе се обврзат на фер натпреварување.

Олимпискиот факел од рака на рака ќе стигне до последниот кој што ќе треба да го запали олимпискиот оган на стадионот. По обичај, името на последниот носец на факелот нема да биде обелоденето до самиот чин.
Организаторите изјавија дека целата свеченост ќе чини 36 милиони евра. Се очекува околу четири милијарди луѓе на планетата, да го проследат преку своите ТВ приемници спектакуларниот настан, кој што ќе треба да го засени случувањето од пред четири години кога Игрите се одржаа во Пекинг.

Tags: , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1