5-та жртва на Фејсбук игра: 20 год момче почина откако испил непозната мешавина (Видео)


Бредли Ејмс од Нотингем во Англија, објавил видео од себеси на Фејсбук, во кое вика: “Е, вака се пие!” – а потоа испива цел литар мешавина од џин и чај. Четири дена подоцна е пронајден мртов во својот стан.

Нотингем – Играта со пиење “Некноминејт”, која е многу популарна во последно време на интернет, донесе нова жртва. Продавач и рагбист, 20-годишниот Бредли Ејмс умрел откако испил цел литар мешавина од џин и чај.

fejs igra2Во видеото изјавува: “Ве гледам како играте Некноминејт и мислам дека не сте баш добри. Затоа купив џин и сега ќе ви покажам како се прави тоа“.

436018_bradley-eames-foto-facebook-bradley-eames_ffПријателите го предупредиле дека тоа што го прави е навистина опасно. Негов пријател дури и оставил коментар под видеото: “Некој умрел правејќи го она ти што го правиш“! Бредли напишал дека мора да им покаже “кој е главен”..

Во оваа игра најчесто младите се предизвикуваат едни со други да испијат неверојатно големи количини на алкохол, или необични комбинации на алкохол со други напитоци.

Притоа треба да извршат некаков предизвик. Сето ова го снимаат, а подоцна го објавуваат на социјалните мрежи.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1