7 повредени, загина 8 месечно бебе, мајката се бори за живот – ФОТО од сообраќајката кај Демир Капија


Осум месечно бебе почина, а седуммина други патници се повредени во тешката сообраќајна несреќа што утрово околу 7.20 часот се случи во местото викано „Арсова лака“ на патот Демир Капија-Удово.

Според првичните информации, поради непрописно претекнување дошло до директен судир помеѓу „Форд фиеста“ и „Шкода фабиа“ со српски регистарски ознаки. Во двете возила имало осуммина патници. Сите биле повредени, а бебенцето им подлегнало на повредите на пат до болницата во Велес, останатите повредени биле примени во велешката болница, а потоа дел од нив биле пренесени во Клинички центар Скопје.

eb02f84d148786a604fb5e9bdc13c3d6_L

Од повредените, тројца се на КАРИЛ, од кои две возрасни лица се со посериозни повреди, а едно дете со полесни повреди односно со скршеница на нога и е во добра здравствена состојба. Едно лице е хоспитализирано во Клиниката за хирушки болести „Св. Наум Охридски“, а двајца полесно повредени во Градската општа болница „8 Септември“. Шест од седумте тешко повредени пациенти од тешката сообраќајна несреќа првично биле пренесени во велешката болница, а оттаму поради сериозноста на повредите биле препратени во Скопје, додека осумесечното бебе починало на пат кон велешката болница.

Според информацијата од д-р Силвана Мишкова портпарол на Велешката градска болница, повредените се на возраст меѓу 20 и 34 години, а меѓу нив има и едно петгодишно дете.

20140728-67e3ff73b1f3bf7e1143bdc940e18b09

– Од нив двајца се со тешки телесни повреди и во животно загрозувачка состојба со политраума, а останатите се со скршеници и набиеници по телото. Во тешка состојба се 30-годишната мајка на бебето кое почина, како и 24 годишно момче кое патувало заедно со семејството – рече д-р Мишкова на денешната прес-конференција во Велес.

Фото – Орбис

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1