Попледнево дел од земјава беше зафатен од нестабилно време. Малку позначителен развој на дождовна облачност која донесе и силни електрични празнења, беше забележана во поширокот скопско подрачје.
За околу 2 часа на територијата на скопската котлина имаше околу 700 молњи. Сепак, треба да се спомене дека ова е сосема нормална појава која може да се окарактеризира како слабо до умерено невреме.