Здравствените власти во Индија се обидуваат да обезбедат доволно лекови за далечните болници ширум северна и западна Индија, каде владее епидемија од свински грип поради која починаа повеќе од 700 лица во последните десет недели
Иако се говори дека се работи за свински грип, лекарите велат дека ова е една верзија од пандемијата на грип од типот Х1Н1, грип кој прв пат се појави во Мексико во 2009 година.
Лекарите велат дека голем број смртни случаи се резултат на тоа што пациентите ја одложуваат посетата на болниците, и упатија апел до нив штом ќе почувствуваат симптоми веднаш да се јават на лекар.
Здравствените власти велат дека очекуваат бројот на заразени да опадне со затоплување на времето.