73 години од смртта на Тесла- човекот кој го промени светот!


Да не беше Никола Тесла, најверојатно не би постоел светот што го познаваме денес. Тој се смета за еден од најголемите генијалци во историјата на човештвото. Починал на денешен ден пред 73 години, во својата 87-ма година од животот.

Тесла е роден во Смилјан, тогашна Австроунгарија, денешна Хрватска,  човек со српско потекло, кој речиси цел живот го поминал во САД, каде ги направил и неговите пронајдоци. Имал над 700 патентирани пронајдоци, меѓу кои и наизменичната струја, далечинското управување, радар, користењето на Х-зраците, ласер…nikola tesla

Не би претерале ако кажеме дека неговите пронајдоци го променија светот.  Додека бил жив за  него сметале дека е осамен и ексцентрик. Не го интересирала славата, туку само пронајдоците кои го променија светот.

Агенцијата Ројтерс, на 6-ти ноември 1915-та година објави дека Тесла и Томас Едисон се добитнци на Нобелова награда за физика, но истиот ден Ројтерс, објави дека сепак наградени се Вилијам Хенри Брег и Лоренс Хенри Брег, бидејќи кружеле гласини дека Тесла не сакал да ја дели наградата со Едисон, сметајќи дека тој не е научник како него.

Тесла го паметиме и по ставовите дека спиењето е само губење време , а токму тој спиел само неколку часа дневно.

 Десет мудри мисли на Никола Тесла :

1. Оваа планета со сета своја огромност, за електричните струи не претставува ништо повеќе од една мала метална топка.

2. Нашите сетила ни овозможуваат да восприемеме само мал дел од надворешниот свет.

3. Борбите помеѓу поединците, како и помеѓу владите и нациите, секогаш произлегуваат од недоразбирањата во најшироката смисла на овој израз. Недоразбирањата секогаш се предизвикуваат од неспособноста да се почитува гледната точка на другиот.

4. Инстинктот е нешто што понекогаш го надминува знаењето. Ние несомнено имаме пофини нишки кои ни овозможуваат да осознаеме вистини кога логичката дедукција или некој друг свесен напор на мозокот е напразен.

5. Прогресивниот развој на човекот е витално зависен од пронаоѓањето изуми.

6. Мирот може да дојде само како природна последица на универзалното просветление.

7. Пронаоѓањето  е најважниот производ на човечкиот мозок. Крајната цел е целосно усовршување на умот врз материјалниот свет, прилагодување на човечката природа кон човечките потреби.

8. Последните 29 денови од месецот се најтешки.

9. Копнееме по нови сензации но наскоро стануваме рамнодушни кон нив. Вчерашните чуда стануваат денешно секојдневие.

10. Целата вселена е исполнета со енергија. Дали оваа енергија е статичка или кинетичка? Ако е статичка, тогаш сите наши надежи се напразни; ако е кинетичка – а ние со сигурност знаеме дека е – тогаш е само прашање на време кога луѓето ќе успеат да ја прикачат нивната машинерија кон самото тркало на природата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1