Еден од напаѓачите од Келн: Не ми можете ништо, јас сум Сириец, Меркел ме викна


Германската полиција објави дека идентификувала 16 осомничени лица и дека добила 121 тужба по десетиците сексуални напади врз жени во текот на новогодишната ноќ во Келн, кои ја шокираа германската јавност.

Истражниот оддел „Нова година“, во кој работат 80 полицајци, идентификувале 16 момчиња, главно од северна Африка, кои се вмешани во инцидентите, се вели во соопштението на полицијата.Screenshot_283

Сепак, еден од мажите кој учествувал во нападите наводно на полицајците им се „заканувал“ дека е Сириец.

„Јас сум Сириец, не ми можете ништо. Госпоѓа Меркел ме викна“, наводно кажал мажот. Освен него, уште неколку од осомничените лица за нападите тврдат дека се Сиријци, пренесува Индипендент.

Во последните денови тензиите во Германија се многу високи поради настаните од новогодишната ноќ во Келн, Хамбург и Штутгарт. Според германски Шпигл, кој се повикува на извештај на полицијата, ситуацијата била хаотична а полицијата целосно ја изгубила контролата.

„Силите за безбедност не биле во состојба да ги стават сите напади и инциденти под своја контрола. Едноставно премногу нешта се случувале одеднаш“, наводно пошива во полицискиот извештај.

Според истиот полициски извор на Шпигл еден од напаѓачите кажал дека е Сириец и дека треба да внимаваат како се однесуваат кон него.

Друг, пак, пред полицајците ја искинал својата дозвола за престој и кажал: „Не ми можете ништо, утре можам да добијам нова“.

Германските власти истакнуваат дека е важно да не се генерализира и да не се префрла вината на сите бегалци. Сепак, денес германскиот министер за правосудство Хеико Мас кажа дека ќе има депортација доколку се утврди дека меѓу насилниците има баратели на азил.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1