Генетски модифицирани војници, можат да издржат неколку денови без храна и сон, а доколку им бидат разнесени екстримитетите во битка, истите повторно би им израснале.
Научниците во Пентагон се надеваат дека ќе пронајдат начин да влијаат на одредени гени за човечкото тело да прави неверојатни работи.
Новинари разговараа со писателот Симон Конвеј, кој доби увид во тајните записи на DARPA-e.
„Ако можат успешно да ги претвораат мастите во енергија, не треба да се хранат војниците. Можете да ги пратите во битка во подалечни подрачја и таму да седат подолг период“, изјави Конвеј.
„Се работи само на подобрување, на создавањето на енергија во телото. Војниците ќе бидат во можност да трчаат со олимписки брзини, да носат големи тежини и сето тоа без храна и сон“, дополни Конвеј.
Втората можност е лек кој што може на луѓето да влијае на начин на кој што ќе ги остане будни со саати и истите да бидат целосно фокусирани на работата.
„Тоа е тестирано од страна на американските војници особено на хеликоптерските пилоти. Откриено е дека по 40 часови кај пилотите е подобрено нивото на концентрација во за разлика кога биле одморени. Тоа е подобро од амфетамини, кој влијаат на донесувањето одлуки и доведуваат до голем број на таканаречени „friendly fire“ инциденти“, изјави професор од еден американски универзитет.
Тука е и проектот со кој што на војниците ќе им се регенерираат екстремитетите.
„Постојат добро документирани случаеви кај децата, кој откако ќе загубат прст, тој повторно може да им израсне. Трикот е во тоа како де се препознае што е тоа што го предизвикува новото растење. Засега ваквиот метод е добро финансирано подрачје“, додава професорот.