Вилоета со своите две ќерки синот и сестрата се враќала од одмор во Грција со автобус. Пред неа седело 30 годишно момче со својата девојка.
Во еден момент, момчето почнало да го спушта наслонот на седиштето по што Виолета му замерила да не го прави тоа бидејќи нејзината сестра е е пополничка и дека нема да има простор за седење.
Тогаш момчето почнало вербално да ја напаѓа со погрдни зборови, на што и Виолета возвратила. По бурната караница тој станал од своето седиште, дошол до неа и ја удрил со главата во лицето.
Од ударот, Виолета добила фрактура на носот. Се се случувало додека автобусот поминувал низ Македонија, Возачот и туристичкиот водич не сакале да застанат и да повикаат полиција убедувајќи ја дека е подобро тоа да го стори во Србија.
Виолета најавува тужби против напаѓачот но и против туристичката агенција.