Министерот за здравство Никола Тодоров денеска најави дека ќе се преземат соодветни мерки доколку се утврди дека итната медицинска помош ненавремено реагирала по завчерашната сообраќајка на српските државјани на патот Удово – Демир Капија, во која загина осуммесечно бебе.
Ќе се испитува и дали се точни констатациите дека бебето не било згрижено од Брза помош, бидејќи лекарските екипи наводно, првично констатирале дека не е во животна опасност, а потоа било однесено со приватно патничко возило.
Сообраќајката се случила во 7.30 часот, а брзата помош пристигнала во 7.53 часот.
– Станува збор за голема сообраќајна несреќа со повеќе жртви и едно возило не може сите наеднаш да ги згрижи. Сепак, во детали ќе ја испитаме ситуацијата за да видиме дали имало доцнење на брзата помош. Ако тоа го утврдиме, ќе преземеме соодветни мерки – истакна Тодоров, пренесе МИА.
Како што вчера објави Mknews очевидците тврдат дека бебенцето било пренесено до болница со приватно возило на очевидци кои се затекнале на местото. Тие со своето возило, возеле зад брзата помош и го однеле бебенцето до болницата. Според очевидците семејството исто така биле српски туристи.
Еве ја целата сторија