Повеќе од два часа сите авиони над Хрватска и скоро половина од оние кои биле во воздушниот простор на Босна и Херцеговина останале без контакт со контролата на летање поради силното невреме кое го зафати овој дел од Балканот.
Пилотите во ситуација кога биле практично изгубени во воздухот, помош побарале од контролата на летае на Србија и Црна Гора.
За среќа, северниот сосед бил на ниво на задачата па повеќе од 100 авиони добиле успешна навигација и безбедно ги пренеле патниците.
Информацијата и официјални ја потврдја српските власти
Поради силни бури што предизвикаа наплив на дождови над Хрватска, хрватската контрола за летање привремено го стопира обезбедувањето на услуги за воздухопловна навигација, а околу 15:10 часот беше затворен воздушниот простор над Хрватска, објави хрватската контрола за воздушниот сообраќај и додаде дека воздушниот сообраќај се пренесува во соседните земји, бидејќи “дошло до прекин на напојување со електрична енергија.”