“Јавач на бел коњ” ќе го замени Путин, на прагот сме на трета светска војна!


Европската унија ќе се распадне, а човештвото е на прагот на трета светска војна. Рускиот астролог Павел Глоба кој тврди дека 85 отсто од неговите предвидувања се оствариле, сега предвидува дека во 2014 година ќе се зголемат ризиците и предупредува и на опасноста од големи земјотреси. Глоба тврди дека Русија од кризата ќе излезе како светски лидер, дека тешки времиња ги очекуваат САД, а Барак Обама ќе има незавидна судбина

putin meckaПредвидувањата на познатиот руски астролог Павел Глоба не ветуваат спокој за светот во годините што доаѓаат. Астрологот кој уште во 2009 година ги предвиде авионските несреќи кои во последните денови ја потресуваат јавноста, сега предупредува дека следува распад на Европската унија, како и дека човештвото е на прагот на трета светска војна.

Глоба предвидува дека во 2014 година ќе се зголемат ризиците. Тој најави дека во јули и август не очекува бран на авионски несреќи, поради што советуваше сите во тој период да се воздржат од летање. Во декември и јануари 2015 ќе се зголеми и веројатноста од земјотреси, пренесува српски “Телеграф”.

Станува збор за астролог кој на почетокот на осумдесеттите години од минатиот век рече дека СССР брзо ќе се распадне и дека улиците на Москва летото во 1991 година ќе бидат преплавени од тенкови. Го предвиде и распадот на Украина во 2014 година, а тврди дека 85 отсто од неговите предвидувања се оствариле.

Таа 2009 година, освен распадот на Украина “на три дела” и авионските несреќи, Глоба предвиде и дека економската криза, која ќе трае до 2020 година, ќе ја прекрои геополитичката карта на светот и од корен ќе ја промени распределбата на силите.
Рускиот астролог вели дека тешки времиња ги очекуваат САД, Барак Обама ќе има незавидна судбина, а ЕУ ќе престане да постои.

pavel globaКога станува збор за не баш убавата иднина на ЕУ, наместо еден, според астролошките предвидувања, ќе се појават повеќе сојузи, а ЕУ како сојуз ќе живее евентуално само на хартија. Ќе се распадне и НАТО. Иако некое време Алијансата ќе зајакнува, до крајот на кризата веќе нема да постои. Во 2014 година, Павел Глоба предвидува дека човештвото ќе биде блиску до трета светска војна.

Што се однесува на економијата, доларот ќе го преживее најлошиот период од 2017 до 2018 година. По 2016-та, ќе започне да расте цената на нафтата, што ќе и помогне на Русија да излезе од кризата како светски лидер. Големи промени во Русија ќе се случуваат од 2014 до 2016 година, а ќе бидат поврзани со големи земјотреси. Третиот бран на кризата од кој Глоба се плаши ќе настапи во 2017 година и ќе трае до 2020-та, ги пренесува српски “Телеграф” предвидувањата на рускиот астролог.

Од кризата која ќе биде наречена “втора голема депресија”, светот конечно ќе се прости на крајот на 2020 година. Во 30-те посткризни години, до 2050-та, во Русија ќе се случува препород. Власта во 2020-та или 2021-ва ќе ја преземе нова моќна личност која ќе биде наречена “јавач на бел коњ”. Нема долго да владее, но ќе остави особен впечаток. 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1