На тој начин мажите со намалена плодност можат да ги зголемат своите шанси за татковство на здрав и сигурен начин.
Научниците од сите јаткасти плодови ги одбраа оревите бидејќи тие се најдобар извор на полинезаситени масни киселини, а богати се и со омега три и омега шест масни киселини.
Мажитекои секојдневно јаделе ореви имале просечно зголемување во брзината на сперматозоидите од 3 отсто.
Покрај тоа кај нив значително биле забележани помал број на случаи на анеуплоидија, пореметување поради кое сперматозоидите имаат премалку или премногу хромозоми.
Денеска секој шести пар има проблем со зачнувањето, а во 40 отсто од случаите за тоа одговорен е лошиот квалитет на спермата или премаалиот број на сперматозоиди.