Ресторан им дава на гостите попуст, ако го предадат мобилниот на влезот


Ресторанот Ева во Лос Анџелес ги потикнува госите да комуницираат меѓусебно во живо, со тоа што им дава пет посто попуст на вкупната цена на оброкот и пијачката, доколку на конобарот му го предадат својот мобилен.


Идејата на соптвеникот Марк Голд била да ги потикне луѓето да разговараат еден спроти друг и да се оттргнат од технолошките направи, затоа што тие ја расипувале интмната атмосфера и го упропастувале уживањето во добрата храна.
„Не сакавме само да им удоволиме на гостите на кои што им сметаа ѕвонењата на соседниот стол, туку да ги потикнеме на дружба со оние кои што дошле да ја поминат вечерта“, изјави Голд.

Послугата на ресторанот пред послужувањето се претставува на гостите, со цел дополнително да им ја приближи дружељубивата атмосфера на гостите.
Неодамнешните истражувања откриле дека 63 проценти од луѓето ги користат своите мобилни, и целосно го игнорираат партнерот или пријателите со кои дошле. Токму тоа го поттикнало Голд на ваквата идеја.
„Луѓето ни се благодарни, не само поради попустот, туку и поради тоа што им овозможуваме малку да одморат од зависноста на телефоните“, истакна Голд.

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1