Дождот кој истура веќе неколку часа во Скопје предизвика застој и долги колони во сообраќајот. Возилата едвај се пробиваа низ тесните грла по улиците, а речиси невозможно беше да се отплетка сообраќајниот јазол во самиот центар, пред Собранието и кај „Рекорд“. Со долги чекања и со постојани застанувања возилата го поминуваа патот од Црвен крст до Партизанска.
Поројниот дожд направи неколку езера по улиците кои се голема опасност за автомобилите. Голема количина вода се насобра позади рамстор, на влезот од Гази Баба и кај подвозникот на влезот од Стара чаршија.
Фото – ПлусИнфо.мк