Вчеравечер околу 20.30 часот на хрватската полиција и’ било соопштено дека во Итната медицинска помош се наоѓа 9-годишно девојче кое е сериозно повредено од струен удар.
По картко време лекарите изјавиле дека девојчето починало. Телото на девојчето е предадено на обдукција.
Неофицијално, девојчето за време на несреќата било во куќата на нејзините баба и дедо и си играло во кадата во бањата чија врата била отворена. Девојчето одеднаш станало и се фатло за жиците од бојлерот, по што добило струен удар.