Фејсбук и твитер се најголемите социјални мрежи, а според најновите истражувања на Mashable најголем дел од корисниците се жени.
Не само што ги има повеќе туку и се поактивни на фејсбук, а и поактивно играат игрици на социјалните мрежи.
Податоците се американското тло, но спроведувачите на анкетата тврдат дека сличен е соодносот и во другите земји во светот. Инаку податоците говорат дека дури 56 насто од корисниците на социјалните мрежи се жени. А на инфографикот стои и податокот дека тие и повеќе внимание полагаат на приватноста.
67 насто од жените ги подесиле своите профили да бидат приватни, додека тоа го направиле само 48 насто од мажите. А според истражувањето пак токму мажите се оние кои имаат повеќе шанси да постават нешто на профилот за што подоцна може да зажалат.
На твитер пак има 64 насто жени и 36 насто мажи. Најдоминанти жените се сепак на Пинтерест. Односот е фрапантен 82 насто жени наспрема 18 насто мажи.
Сепак колку за утеха мажите се позастапени на Google+ (71 насто), LinkedIn (63 насто) i Reddit (84 насто).
на LinkedInu например има повеќе мажи отколку што има жени во сите три споменати мрежи вкупно.