Тој ги изгуби животот во сообраќајна несрека во 2007 а неговите родители, Домника и Никола Проески сеуште не можат да поверуваат дека нивниот син го нема.
– Тагата за нашиот син секој ден е се поголема. Не сме во состојба да зборуваме за тоа, особено не во овие тешки моменти, изјавиле за српски Курир неговите родители.
Андреј Николоски, роднина на Тоше и директор на фондацијата Тоше Проески, вели дека е се спремно за утрешниот помен за Тоше.
Во четврток во 6 часот и 20 минути наутро, баш во моментот кога настрада Тоше, ќе биде поменот на неговиот гроб. Ги очекуваме 16-те маратонци кои пред некој ден тргнаа од Градишка за да стасаат до неговата вечна куќа.
После тоа во спомен домот на Тоше планирана е културно уметничка програма. Во Македонија веќе пристигнаа фанови на мега ѕвездата од Србија, Хрватска и Словенија.